Заедно со многу епидемиолози, Бил Гејтс веќе една деценија ни вели дека светот не е подготвен за глобалната пандемија. Ова се некои од препораките на кои не обрнувавме внимание.

На ТЕД-конференцијата во Ванкувер, Гејтс одржа говор на темата: „Следниот напад? Не сме подготвени“. Овој говор беше одржан во текот на епидемијата со ебола, но Гејтс мислел веќе на следната опасна болест.

Доколку нешто убие повеќе од 10 милиони луѓе во следните неколку децении, тоа би бил некој заразен вирус, а не војна. Ако сега не се подготвиме, следната епидемија ќе биде полоша од еболата. Постојат вируси со кои се чувствувате толку добро, што влегувате во авион или во супермаркет.

Во интервју за Би-би-си, Гејтс вели дека постојано се надева дека нема да се појави некоја епидемија како некој голем грип, бидејќи светот е многу ранлив. Кризите со епидемиите како еболата покажале дека глобалниот систем за реакција на итни случаи не е доволно силен.

Во април 2018 г. Гејтс споменал дека постои нешто за што воопшто не се размислува и не се развива, а тоа е подготвувањето за пандемија. Ова треба да загрижува бидејќи историски гледано, сигурно е дека ќе се случи уште една смртоносна глобална пандемија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.