Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе. Таа раскажува дека била ставена на кислородна поддршка и се чувствувала многу лошо.

По една недела со симптоми на ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба, вели Виолета.

Додава дека без лекарите немала да успее да ја преживее оваа битка. Исклучително е благодарна за грижата, но и за хигиената во установата.

Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од два метра, вели Виолета чиешто сведоштво го сподели министерот Венко Филипче на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.