Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија вели дека вирусот е како најпрецизен снајперист. Тивок, невидлив, подмолен. Само вчера успеа да „рани” најмалку 999 луѓе и да „убие” 14, напиша тој на својот Фејсбук профил.
„А кога државата ни е преплавена со „снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите. И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа „ранети” од овој убиец знаат подобро да се заштитат од нас „истренираните” .А „цивилите” кои не веруваат дека сме под „вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасил животот. Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме. А генерали, ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден“, пишува Беќаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.