Бремените жени вакцинирани против Ковид-19 може да ја префрлат заштитата на своите бебиња, според новото истражување спроведено во Израел, пренесува Ројтерс.
Според истражувањето направено во февруари, биле откриени антитела кај сите 20 жени кои ги примиле и во двете дози на вакцината „Фајзер/БиоНТех“ за време на нивниот трет триместар од бременоста и кај новороденчињата, преку трансферот на плацентата.
Нашите откритија потенцираат дека вакцинацијата на бремени жени може да обезбеди мајчинска и неонатална заштита од инфекција со САРС-КоВ-2, се вели во студијата.
Наодите на истражувачите од медицинскиот центар на универзитетот Хадаса во Ерусалим беа објавени овој месец на medRxiv – услуга за дистрибуција преку Интернет за необјавени ракописи за истражување кои не биле рецензирани.
Авторите ја забележаа малата големина на студијата и рекоа дека е потребно понатамошно истражување за да се измери ефектот на вакцинација во различни фази од бременоста и безбедноста и ефикасноста на различните вакцини што се сега достапни.
Еден од истражувачите, Дана Волф, беше цитиран од „Џерусалим пост“, велејќи дека групата сега ќе започне да разгледува колку ќе траат антителата активирани од вакцинациите кај бебињата.
„Фајзер/БиоНТех“ соопштија минатиот месец дека започнале меѓународна студија од 4.000 волонтери за да се процени безбедноста и ефективноста на нивната вакцина против ковид кај здрави бремени жени.
Истражувањето ќе процени дали вакцинираните бремени жени пренесуваат заштитни антитела на своите бебиња.
Посебно американско истражување објавено минатата недела покажа дека антителата предизвикани кај бремени жени од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ биле пренесени на бебињата преку плацентата или мајчиното млеко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.