Шумските пожари беснеат во медитеранската област, а Светската метеоролошка организација објави податоци за екстремни горештини, како и карта на опасности од пожар.

Имено, се предвидува дека температурите ќе се искачат до повеќе од 40 степени Целзиусови во внатрешноста на Италија, Грција, Тунис и Турција.

Покрај тоа, тие предвидуваат дека опасноста од пожар е екстремна за речиси целата област на Медитеранот.

Турската метеоролошка канцеларија прогнозира дека температурите во Анкара и неколку други градови за следната недела ќе бидат 12 степени Целзиусови повисоки од просекот во август.

Предупредувања за високи температури се издадени во Македонија, Албанија, Бугарија и делови од Романија и Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.