Вулканот Јелоустоун е одлично прибежиште за микроскопскиот свет, бидејќи во неговите 10.000 хидротермални појави на фумарол опстануваат најразлични микроби, а меѓу нив и една жолтеникава бактерија наречена „thermus aquaticus“, објави „National Geographic“.
Откако научниците почнале да ја одгледуваат таа бактерија, тие дошле до сознание дека во неа има ензим кој ја реплицира ДНК при висока температура, како и дека токму тој ензим направил верижна полимеризација.
Денес, ова е клучна алатка во молекуларната биологија за верижната полимеризација, а во 1993 година на биохемичарот Кери Малис му донела Нобелова награда за хемија.
Но, интересно е тоа што оваа бактерија во моментов се користи за да се засили сигналот на вирусот во поголемиот дел од достапните тестови за ковид-19.
Процесот ПЦР кој е витална рамка на тестот е релативно едноставен и брз процес, благодарејќи ѝ на групата бактерии која живее во термалните базени во вулканот Јелоустоун.
ПЦР технологијата помага за спасување животи – вели молекуларниот биолог Остин Шул од Јужна Каролина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.