За да објасниме подетално за малиот дефект кој е саниран, а се случил ноќта помеѓу 02 и 03 часот на ден 18.09 кога заради пукната цевка над ( од одделот за нефрологија) од таванскиот дел течело вода во трите од четирите соби на интензивниот дел на одделот за неврологија и паѓале делови од плафонот, пишува на Фејсбук, Петар Атанасовски.
Пациентите од трите поплавени соби префрлени во соба 807 која не била зафатена. За мал дефект го сметам дефектот што се случи пред 20-тина дена на мое дежурство кога пукна вентил во тоалетот на соба 806 од општиот дел во слично времее и со промена на вентилот и собирање на водата се среди состојбата ама водата беше на подот а не паѓаше од плафон.
И кој демантира нека пише име и презиме.
Вакви слични инциденти беа премолчени и во ковид интензивниот оддел (цевка од трауматологија пукната ) а поплавена 1 соба среќа без пациенти и во време на смирување на пандемијата како и на УЦ .
Ама тоа е сакаат да се избегне одговорност
Поздрав до сите и убав ден.
И се разбира се најдобро за вработените во ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ и за пациентите кои се лекуваат во општата болница, пишува Атанасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.