Широко распространетиот лек Аспирин кој се користи и за спречување тромбоза, ќе се тестира како можен лек против Ковид-19, во едно од најголемите испитувања во Велика Британија, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Кај пациентите заразени со коронавирусот е зголемен ризикот од згрутчување на крвта поради зголемени тромбоцити. Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта.

Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа и безбеден, евтин и широко достапен, вели Питер Хорби, коавтор на студијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.