Малиот Лука веќе година и половина се лекува во Истанбул, Турција, борејќи се против ретката болест што ги напаѓа очите Retinoblastom или тумор на очи. Семејството бара помош за да може да продолжи лекувањето на Лука.

Семејството веќе не е во можност да го продолжи лекувањето, кое чини 50 400 долари и апелира за помош.

Борбата мора да продолжи за да се спаси неговото лево око, надежно вклучувајќи го и видот на истото, како и за да се држи под контрола текот на болеста и здравствената состојба на нашиот херој. Тој има примено 3 хемотерапии, 5 ладни ласери и една операција. По втората хемотерапија го изгуби видот, а по едногодишна борба го загуби и десното око, кое мораше да биде отстрането со цел да се спречи ширење на болеста на другите органи. Ве молиме доколку сте во можност да ни помогнете со парични средства наменети за да го продолжиме лекувањето – вели семејството на Лука.

За донации е отворена жиро-сметка со број 380176980603113, Прокредит банка, Игор Јовановски.

Може да се донира и на донациските броеви на ВИП – 143 479 и на Т-мобиле 070 143 106



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.