Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува, се вели во апелот на министерот за здравство Венко Филипче.

„Затоа повторно апелирам:

Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.

На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме. На следните линкови се сите потребни информации како да го заштитите вашето здравје и здравјето на другите.

Ве молам споделете ги препораките од World Health Organization (WHO) за заштита на граѓаните од корона вирус. Целиот наш систем е подигнат на високо ниво на будност.

Gepostet von Венко Филипче am Montag, 24. Februar 2020

⚕️ Потсетуваме дека за контакт по пристигнување во територијата на Република Македонија и при сомнителни…

Gepostet von Венко Филипче am Dienstag, 25. Februar 2020

Ве молам споделете ги информациите за „Ковид 19“

За симптомите, ризичните групи, начинот на ширење и превентивните мерки за заштита од корона вирус. Ве молам споделете ги информациите за „Ковид 19“.

Gepostet von Венко Филипче am Donnerstag, 27. Februar 2020

Споделете и следете ги овие препораки.

Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 26. Februar 2020

Shpërndani dhe ndiqni këto rekomandime

Shpërndani dhe ndiqni këto rekomandime.

Gepostet von Венко Филипче am Montag, 2. März 2020

Shpërndani informatat për virusin Korona.

Споделете ги информациите за корона вирусот.Shpërndani informatat për virusin Korona.

Gepostet von Венко Филипче am Sonntag, 1. März 2020

СПОДЕЛИ

печати



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.