Пред две децении со Кометал Ѓорче Петров испиша историја во Лигата на шампионите, а сега испишува една поинаква историја како селектор на машка репрезентација.

Ракометарката Андријана Будимир борец на теренит, борец во животот. Нејзината битка сега е нејзиниот син, дете со попреченост.

Вели на часовите по физичко образование нејзиниот син е исклучен затоа што професор не може истовремено да работи со 35 деца од одделението и да посвети време на дете со попреченост. Затоа, смета таа, мора да има посебен професор кој ќе работи со овие деца. Едноставно физичката активност им помага на децата со аутизам полесно да се вклучат во наставата и да комуницираат.

За предизвиците со кои секојдневно се соочува, раскажува во видеото објавено на фејсбук-страната на Општина Карпош.

„Кога некој има роденден, освен што носат крем бананчиња за сите деца, носат и банана за мојот син, за да знае дека и тој е дел од роденденот“, емотивно раскажува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.