Температура, болки во грлото, кашлање, болки во градите, омалаксаност, се најчестите симптоми на заболените од корона вирусот. Многу заразени пријавиле и дека го губат осетот за мирис и вкус.
За тоа би можело да биде одговорен еден ензим. Научниците од универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор успеале при пробите на екстремно високи дози на ензимот ACE-2 (Agniotensin Converting Enzyme 2) да докажат во пределот на носот овој ензим е одговрен за губењето на сетилото за мирис.
Овој ензим наводно би требало да има улога на влезот низ кој корона вирусот влегува во клетките на организмот. На тоа упатуваат и други студии. Научниците за својата студија испитувале ткива на 23 пациенти, кои им се отстранети по оперативен пат. Пациентите кои не биле заразени со корона вирусот биле оперирани поради тумор или воспаление на синусите.
Резултатите од истражувањето би можеле да послужат за нов пристап во лечењето на заразените – пишуваат научниците во списанието „European Respirattory Journal“.
Сепак, како што вели Ендрју Лејн од универзитетот Џон Хопкинс, резултатите прво треба да бидат потврдени со дополнителни истражувања.
Ако тоа се покаже точно, тогаш би можеле да ја победиме заразата со антивирусна терапија, која би се давала директно во носот – вели Лејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.