Според американската влада, предозирање со силниот наркотичен лек фентанил е водечка причина за смрт кај возрасни Американци на возраст меѓу 18 и 45 години.

Во периодот помеѓу 2020 и 2021 година, фентанил уби речиси 79.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 45 години, односно 37.208 во 2020 година и 41.587 во 2021 година, соопшти агенцијата Family Against Fentanyl, објави Фокс Феникс.

Паралелно, меѓу 1 јануари 2020 година и 15 декември, повеќе од 53.000 луѓе на возраст меѓу 15 и 49 години починале од ковид, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Според прелиминарните податоци на ЦДЦ, се претпоставува дека бројот на смртни случаи од предозирање, вклучувајќи ги сите лекови, би можел да надмине 100.000 во 2021 година.

Инаку, фентанил се лекови против боли кои често се користат после операции. Фентанил е опиоиден аналгетик, сличен на морфиум, но многу посилен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.