САД ги купија речиси сите светски залихи на ремдесивир, еден од двата лека кои се покажаа ефикасни против ковид-19, оставајќи им ништо на Европа и остатокот од светот во наредните три месеци.
Администрацијата на Трамп објави дека постигнала договор со „Гилеад“ за купување на 500.000 дози од лекот, што претставува 100% од производството за јули, односно 90% за август и септември.
„Гилеад“ го има патентот за овој лек кој бил развиен за лекување на ебола, но се покажал неуспешен. Лекувањето со шест дози чини околу 3.200 долари.
САД се водечка светска земја според бројот на заразени со коронавирус и минатата недела беше постигнат нов рекорд од 45.000 нови случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.