Според податоците на апликацијата за мерење на загадувањето „Мој воздух“, вечерва во 17:00 часот, Охрид е со екстремно висока загаденост.

Инаку AQI – Air Quality Index, е нова мерка воведена во Мој Воздух која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока и над 100 – екстремно висока.

Со толку висока концентрација на воздухот може да се констатира дека вечерва, охриѓани наместо воздух дишат отров, пишува порталот Охрид 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.