Нови 177 случаи со Ковид-19 од 778 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се пет пациенти од кои еден од Тетово (67 г.), еден од Струмица (87 г.), еден од Крива Паланка (68 г.) и двајца од Кочани (70 г. и 73 г.).

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21 113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.