Ако ви тече носот и искашлувате кога имате настинка, не може да сте заразени од новиот вид на коронавирусна пневмонија, затоа што коронавирусната пневмонија е сува кашлица без течење на носот. Ова е наједноставниот начин за идентификација, пишува на својот профил на Фејсбук доц.д-р Методија Трајаноски, специјалист по социјална медицина и јавно здравје и специјалист по применета епидемиологија и медицина базирана на докази.
Во продолжение, целиот статус на д-р Трајаноски
Ве молиме, кажете им на пријателите дека доколку имаат повеќе медицинско знаење, ќе имаат и повисока свест за идентификација и превенција.
Вирусот од Вухан не е отпорен на топлина и ќе биде убиен на температура од 26-27 степени. Затоа, пијте повеќе топла вода.
Можете да им кажете на пријателите и роднините да пијат повеќе топла вода за да го спречат вирусот. Одете на сонце. Неодамна беше студено, а пиењето топла вода е исто така многу пријатно. Тоа не е лек но е добро за организмот. Пиењето топла вода е ефикасно за сите вируси.
Обидете се да не пиете мраз, запомнете!
Совети на докторот за коронавирусот:
1. Тој е прилично голем во големина (ќелија та е со дијаметар од околу 400-500nm), така што секоја нормална маска (не само со карактеристика N95) треба да може да го филтрира. Меѓутоа, кога некој што е заразен кива пред вас, ќе бидат потребни околу 3 метри (околу 10 стапки) пред вирусот да падне на земја и повеќе да не е пренослив преку воздух.
2. Кога вирусот ќе падне на метална површина, тој живее најмалку 12 часа. Па запомнете, ако дојдете во контакт со каква било метална површина, темелно измијте ги рацете со сапун.
3. Вирусот може да остане активен на ткаенина 6-12 часа. Нормалниот детергент за перење би требало да го убие вирусот. Зимската облека, што не бара секојдневно перење, можете да ја излуфтирате на сонце за да го убиете вирусот.
За симптомите на пневмонија предизвикани од коронавирус:
1. Прво ќе го зарази грлото, така што во грлото ќе имате суво чувство на болка кое ќе трае 3 до 4 дена
2. Тогаш вирусот ќе се вгнезди во носната течност, ќе се спушти во душникот и ќе влезе во белите дробови, предизвикувајќи пневмонија. Овој процес ќе трае од 5 до 6 дена.
3. Со пневмонија, доаѓа до висока температура и отежнато дишење. Назалната конгестија не е како нормалната. Се чувствувате како да се давите во вода. Важно е да одите веднаш да побарате лекарска помош ако вака се чувствувате.
За превенција:
1. Најчестиот начин за зараза е да ги допирате нештата во јавност, затоа мора често да ги миете рацете. Вирусот може да живее на вашите раце 5-10 мин., но заразата може да се случи во тие 5-10 мин (може да ги истриете очите или несвесно да го истриете носот).
2. Покрај честото миење на рацете, можете да правите и гаргара со бетадин за болното грко за да ги елиминирате или минимизирате бактериите додека тие сè уште се наоѓаат во грлото (пред да се спуштат до белите дробови).
Затоа, внимавајте и пијте многу вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.