Директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб, Алемка Маркотиќ предупреди денеска дека вакцинацијата е добра заштита од коронавирусот, и ако, како што рече, доколку не бидеме имунизирани, ќе ги наполниме гробиштата.

Според неа, добрата вест е што има сè помалку хоспитализирани луѓе на клиниките.

Како и да е, во овие 18 месеци искусивме многу што не би сакале да видиме да се случи повторно, и ни се чини дека наскоро би можеле да го видиме тоа повторно – предупреди Маркотиќ на прес-конференцијата на Штабот за цивилна заштита.

Постојат две причини за тоа: едната е брзото ширење на делта сојот, другата е дека не само во Хрватска, туку и во Европа, не се вакцинирани доволно граѓани. Како пример ја посочи Велика Британија, каде што најголем број од населението, 48%, биле вакцинирани, но и тоа се покажало како недоволно.

Добро е што оваа година имаме вакцина, се покажа дека штити од коронавирусот и е многу ефикасна. Имаме решение, имаме избор, гледаме што се случува во некои туристички земји, како што се Португалија и Кипар. Би било добро да не се повтори лекцијата од минатата година, која е важна за туризмот, почетокот на учебната година, животот во домовите за стари лица. Ако нема да се вакцинираме, ќе ги наполниме гробиштата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.