Доколку лицето што примило вакцина против Ковид-19 има несакани реакции од вакцината, истото треба да ги пријави електронски на веб-страницата на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) или пак да оди во писарницата во МАЛМЕД или во Институтот за јавно здравје и во пишана форма да достави дека има одредени нус-појави, стои во Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Македонија.
Што значи ова во однос на лицата кои евентуално би имале нагли алергиски реакции или други нус-појави на вакцината, која се уште ја немаме во земјава, останува непознато. Во поглавјето за „несакани ефекти“ не е прецизно кажано каде ќе можат граѓаните итно да се обратат доколку се соочат со нус-појави од вакцинацијата.
Дополнително, покрај пријавување до Агенцијата за лекови и медицински средства, здравствените работници треба да пријават несакана реакција од вакцината како поствакцинална компликација после имунизација, согласно Правилникот, стои во Националниот план.
Процесот на евиденција и следење на вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива преку „Мој Термин“, а закажувањето на вакцинацијата ќе се врши од страна на матичен лекар (прва доза) и од страна на тимовите за вакцинација (втора доза). Закажувањето ќе се врши само за оние лица кои потврдиле интерес за вакцинирање и немаат контраиндикации за истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.