Натриумот е од суштинско значење за здравјето на човекот. Овој минерал помага во регулација на течности,одржување и стимулирање на нервните импулси за мускулни контракции.

Но, како и се’ останато, натриумот е добар кога се внесува само во умерени количини.

Според Американското здружение за срце, околу 75 % од натриумот што ние го консумираме, не доаѓа од нашиот соларник, туку во процесуираната и ресторанска храна.

За жал, постои тендеција за пресолување на храната што има негативно влијание врз нашето здравје: „NIH- финансираната студија покажа дека со намалување на внесот на сол за само 3 грама (околу половина лажичка) би можеле да се спречат околу 92.000 смртни случаи на национално ниво секоја година. Би имало помалку од 120.000 нови случаи на болести на срцето.

Обратете поголемо внимание на следните знаци:

Жед

Вишокот на натриум ве прави жедни, бидејќи вашето тело сака да го задржи истото ниво на соленост цело време. Како што се зголемува внесувањето на сол, организмот ја повлекува водата од нашите клетки во крвотокот, со цел, повторно да го воспостави својето идеално ниво на соленост. Како резултат на тоа, клетките се дехидрираат, па поради тоа мозокот испраќа сигнали за жед.

Подуеност

Подуеност се случува кога редовно се консумира премногу натриум, па вашето тело започнува да ги чува течностите за да помогне во ослободувањето од вишокот на сол. Можете да ја намалите подуеноста со повеќе вежбање (за да се стимулира пот) и со пиење повеќе вода.

„Пиењето повеќе вода може да ви помогне да се ослободите од натриумот во вашиот систем, а како краен резултат – подуеноста ќе се намали“, објаснува Розана Ли, едукатор за исхрана и здравствен промотор од Торонто.

Откок

Отокот е поткожен подлив од насобрана течност во поткожното ткиво што предизвикува отекување на лицето, рацете, нозете, глуждовите и стапалата. Исто како и подуеноста, едемот е предизвикан поради складиштење на течноста поради вишок на натриум во организмот.

Желба за сол

Една австралиска студија од 2011 (2) покажа дека мозокот реагира на натриум слично како на супстанции како што се хероин, кокаин и никотин. Натриумот нож со две острици: солта е од суштинско значење за нашиот нервен систем, но брзо може да стане и наша зависност. Ако забележите дека често посакувате сол, а храната ја солите уште пред да ја вкусите, треба да се освестите дека сте станале зависник од сол.

Висок крвен притисок

Задржувањето на течности во организмот што предизвикува едеми и подуеност, исто така, резултира со зголемен крвен притисок и ги оптеретува бубрезите, артериите, срцето и мозокот. За да се справат со дополнителното оптоварување, ситните мускули во ѕидовите на артериите стануваат посилни и подебели. Сепак, тоа само го намалува просторот во внатрешноста на помалите артерии и го зголемува крвниот притисок па дури и повеќе. Со текот на времето, организмот станува подложен на мозочни удари и срцева инсуфициенција.

Ќе заболите од следните болести доколку долгорочно користите премногу сол:

Остеопороза

На бубрезите им е потребен калциум, за да го исфрли вишокот сол преку урината. Калциумот се извлекува од коските ако не се консумира доволно преку исхрана. Со текот на времето, коските стануваат кршливи и слаби, што е еден од симптомите на остеопороза.

Камења во бубрезите

Бубрезите се задолжени за задржување и ослободување од течности. Високи дози на сол предизвикуваат заштедување на течности во организмот, за да се ре-воспостави идеалната концентрација на натриум. Ова значи дека помалку се произведува урина иако телото примило доволно вода. Како што споменавме порано, калциумот е потребен за да се исфрли натриумот преку урината. Кога не се продуцира доволно урина, овој калциум се таложи во бубрезите и може да предизвика создавање на каменчиња во бубрезите.

Рак на желудникот

Една студија  објавена во International Journal of Epidemiology открива дека смртноста од рак на желудникот кајмажите и кај жените е тесно поврзана со потрошувачката на сол. Солта очигледно ја „разлутува“ бактеријата позната како Helicobacter pylori. Оваа бактерија (H. Pylori) гипредизвикува најголемиот дел од стомачни и дуоденални улкуси … и во голема мера го зголемува ризикот од рак на желудник и форма на лимфом наречен MALT. Овој минерал исто така може да има негативен ефект врз мукозната слузница на желудникот и да предизвика абнормалност на ткивото.​

Како да се намалат внесот на сол

Најдобар начин да се намали внесувањето на натриум е да се избегнува процесуирана храна, со задолжително читање на декларациите од намирниците.

Пијте голема количина на вода и бидете физички активни.

Променете ја готварската сол (98% натриум хлорид) со хималајска сол (85% натриум хлорид) која содржи 84 минерали.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.