Британската докторка Сара Џарвис тврди дека три симптоми укажуваат на ковид-19 и затоа е неопходно тестирање. Тие три симптоми, наводно, го разликуваат обичниот од вирусот ковид-19.
Течењето на носот, затнат нос и болки во грлото се многу поретки кај корона вирусите отколку кај настинките. Ако ги имате овие симптоми и немате треска, нова континуирана кашлица (трае повеќе од еден час или три значајни напади за 24 часа) или губење на мирис и вкус, не треба да се тестирате на Ковид-19, објаснува таа.
Д-р Џарвис тврди дека симптомите се појавуваат во просек пет дена откако сте биле изложени на вирусот, иако ова може да варира, па симптомите може да се движат од два до 12 дена откако ќе стапите во контакт со вирусот на кој било начин. Овој лекар исто така истакнува дека со обична настинка, ретко се јавува тежок замор и проблеми со дишењето, што најмногу го чувствуваат заразените со Ковид-19.
Општо земено, затнат нос, кивање и течење на носот се повеќе карактеристични за настинка, а симптомите може да се појават 2-3 дена по изложувањето, да траат само неколку дена и обично да бидат благи“, додаде таа, советувајќи да контактирате со лекар ако за неколку дена симптомите не почнуваат да исчезнуваат или да се влошуваат. Таа исто така истакна дека е важно да се работи на зајакнување на имунитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.