Во Њујорк повеќе од 26.000 деца кои посетуваат настава во јавни и приватни училишта не примиле вакцини од верски причини. Тие имаат рок од 14 дена да ја примат првата доза за секој вид имунизација и во наредните 30 дена мора да ја закажат втората. Ако не го сторат тоа, ќе останат дома и нема да одат на училиште.

Њујорк е четвртата сојузна држава, по Калифорнија, Мисисипи и Западна Вирџинија, која ги укина верските и личните мотиви како причина за невакцинирање. Од повторната појава на мали сипаници во октомври 2018, во градот Њујорк имало 654 заразени и уште 414 во целата држава. Повеќето од нив биле во локалните еврејски заедници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.