Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот ремдесивир за пациенти со коронавирус.

„Ремдесивир е првиот лек против ковид-19 што се препорачува за употреба во ЕУ“, соопшти Агенцијата.

Препораката која треба да биде разгледана од Европската комисија, се однесува на третман на заразени со коронавирус, односно возрасни и млади од 12 години кои имаат пневмонија и имаат потреба од дополнителен кислород.

Притоа се цитира студија спроведена од ЕМА која покажала дека пациентите со коронавирус и третирани со овој лек се опоравиле побрзо од другите пациенти кои не земале антивирусен лек. Инаку, овој лек првично е развиен како лек против хеморагична треска од ебола во лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“.

Употребата на ремдесивир што се користи за лекување на ебола е дозволена во болниците во САД и Јапонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.