Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во Европа се забележани 927.000 нови случаи на заразени со коронавирусот минатата недела, што претставува нов најголем број на заразени лица во последните седум дена, пренесува српски „Данас“.
Бројот на потврдени нови случаи со инфекцијата во Европа скокна за 25% минатата недела, каде според СЗО се регистрирани речиси 38% од вкупниот број на заразени во светот.
Повеќе од половина од новите случаи на Ковид-19 во Европа се во Русија, Чешка и Италија. Од СЗО додаваат дека бројот на смртни случаи од коронавирусот во Европа „продолжува да расте“ и дека се зголемил за една третина во однос на минатата недела.
СЗО наведува дека Словенија пријавила зголемување на бројот на заразени за 150% за една недела, со рекордни 4.890 случаи.
Во земјава пак, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 408 новозаразени со Ковид-19, додека вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 24.196 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.