Првата личност ја прими вакцината на Фајзер против коронавирус во процесот на масовна вакцинација во Велика Британија.

Се работи за 90 годишната Маргарет Кинан, која следната недела ќе го прослави својот 91 роденден. Таа изјави дека ова и е најдобриот ран роденденски подарок.

Вакцината и била дадена во 06:31 часот по Гринич – првата од 800.000 дози на вакцината на Фајзер што ќе се дава во следните недели. До крајот на овој месец се очекуваат уште 4 милиони дози.

-Се чувствувам привилегирано што сум првата личност која е вакцинирана против Ковид-19, ова е најдобриот ран роденденски подарок што можев да го посакам, бидејќи значи дека конечно ќе можам да поминам време со семејството и пријателите во новата година откако најголемиот дел од оваа го поминав сама, изјави Кинан.

Велика Британија е првата држава во светот која започна да ја кристи Фајзер вакцината по добиената дозвола минатата недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.