Едно лице на 85 годишна возраст кое било сместено во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивно на коронавиурс. По потврдениот тест, веднаш е сместен на инфективното одделение во битолската Клиничка болница. Покрај наведената симптоматологија пациентот има и други коморбидитети. Земен е брис за докажување на COVID-19-лабораториска потврда за позитивен резултат е добиен на 04.04.2020 година, информираат од Центарот за јавно здравје Битола, јавува Тера.

По ова веднаш се преземени итни мерки, по што осум лица вработени во Домот за стари лица се во изолација, а земени се брисеви и од други лица во домот кои имале контакт со сега потврдениот случај.

Направена е целосна дезинфекција на Домот за стари лица “Сју Рајдер”- Битола од страна на ДДД – службата при ЦЈЗ Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.