Вкупно 748 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ земјава и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 319 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 1 прием.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 приеми а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби имало 4.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 95 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 95 пациенти, на Иститутот за белодробни заболувања кај децата Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19, а на Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 48 пациенти, во Штип 50, во Тетово 10, Велес 52, во Куманово 58, во Охрид 50, во Прилеп 34, во Гостивар 13, во Струга 16, во Струмица 42, во Кочани 19, во Кичево 9, во Кавадарци 24, во Гевгелија 6.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.