Врз основа на истражувањето, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека немаат прележано Ковид 19, односно 73 отсто од анкетираните рекле дека ниту тие ниту некој од нивното семејство не го прележале вирусот (анкетата се однесува на периодот до средината на март), пишува Денешен.мк

Овие податоци се спротивни од тие на експертите. Д-р Пановски, за ТВ Алфа изјави дека околу 60 отсто од граѓаните во Македонија веќе постигнаа колективен имунитет поради природното заразување, а не поради вакцините, а денеска Д-р Даниловски на Канал 5 рече дека во Македонија веќе е постигнат 60-отстотен имунитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.