Бојата на крвта во текот на менструалниот циклус се менува, а постои и разлика помеѓу оваа и претходната менструација. Што тоа значи и кога е вистинско време да го посетите вашиот гинеколог:
Розова боја
Розовата боја на крвта од вашиот менструален циклус може да биде сигнал дека многу ви опаднало нивото на естроген. Доколку често џогирате, исто така може да биде една од причините што менструацијата ви е во посветла боја, затоа што познато е дека интензивното вежбање значително го намалува лачењето на естрогенот.
Речиси проѕирна боја
Оваа боја може да значи дека ви недостасува некој од нутриентите во организмот или пак сте во опасност од рак на јајниците. Во светото 2 отсто од жените имаат карцином на јајцеводите, а опасните болести на јајниците денес многу лесно се доведуваат до ремисија.
Темно црвена боја
Исклучително темно црвената боја на вашиот циклус е знак дека нешто „постара“ крв останала во вашата матка и дека таму се наоѓа подолго време. Никој од светот на медицината не може да објасни зошто се случува ова, но велат дека станува збор за нешто најнормално.
Густа менструација со згрутчувања од крвта
Густата менстуација со многу темни црвени грутки зборува дека нивото на прогестерон ви е ниско, а истовремено нивото на естроген во вашиот организам е висок. Во поголем дел од случаевите тоа не значи ништо необично. Меѓутоа, доколку грутките се многу големи и ги има во поголем број тогаш дефинитивно станува збор за хормонски дисбаланс кој може да направи проблем. Може да се случи да имате миоми затоа најдобро би било да посетите доктор.
Сиво-црвенкаста боја
Сивата боја на менструацијата или сиво-црвенкастата боја може да означуваат некоја од следниве работи – имате некоја сексуално пренослива болест или пак станува збор за спонтан абортус во рана фаза на бременост. Во втората варијанта најчесто се случува претходниот циклус да изостане. Во секој случај доколку се појави ваква менструација треба веднаш да се обратите кај вашиот гинеколог.
Боја на брусница
Доколку крвта во текот на вашиот циклус е многу слична на брусница тогаш тоа е знак дека сте „здрави и прави“. Меѓутоа, тоа што би требало да го знаете е дека тоа е нормално за една личност и не значи дека е нормално и за секоја друга личност. Доколку ова не ви е вообичаена боја на циклусот тогаш не треба ни да ја очекувате ниту пак да се грижите зошто крвта не е таква.
Портокалова
Портокаловата боја баш како и сиво-црвената може да значи дека имате некоја инфекција. Доколку се работи за сексуално пренослива болест тоа може да го знаете преку мирисот на менструацијата, а ќе чувствувате и грчеви и болки во стомакот.
Извор: Телеграф.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.