Вакцините против грип од денеска веќе се достапни. Граѓаните слободно може да се вакцинираат, за што ќе треба да платат 650 денари, додека бесплатните вакцини се’ уште не се достапни, соопштија од Центарот за јавно здравје Скопје.
Од денеска се почнува со вакцинација со вакцините против грип со наплата, ќе работиме во две смени од 07:30 до 18 часот, па секој што е заинтересиран може да дојде без најава. Вакцините се четиритипни, информира раководителката на Одделението за епидемиологија при Центарот, Биљана Даниловска.
Во нашата земја досега се регистрирани стотина случаи на клинички дијагностицирани заболувања на грип, но од донесените материјалите не е докажан ниеден тип на вирус.
Ова време, од епидемиолошки аспект е соодветно за развој на вирусите на бактериите, очекуваме вирусни заболувања. Пикот го очекуваме во февруари и сега е многу соодветно време за вакцинација, зашто се потребни 15 дена за да се создаде грип. Апелираме да се вакцинираат што повеќе луѓе во активната работна возраст, бидејќи тие што доаѓаат во котакт со многу луѓе се изложени на повеќе ризик. Тука на пример спаѓаат вработените во образовни установи или маркети, појасни Даниловска.
Од Центарот за јавно здравје Скопје информираат дека се набавени 5 илјади вакцини со наплата, а бројот на бесплатни ќе изнесува 28.000. Се очекува тие да бидат достапни кон крајот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.