Матичниот лекар Дашмир Дервиши од тетовско Боговиње почина поради последици од Ковид-19, објави месната заедница од Боговиње на нивната Фејсбук страница. Доктор Дервиши на возраст од 41 година имал своја ординација во Боговиње.
Градоначалникот на Богивиње Албон Џемаили на својата Фејсбук страница исто така објави за смртта на сограѓанинот.
Многу ми е жал што пишувам за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Неговата почива во мир, истакна Џемаили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.