На Клиниката за гинекологија и акушертво (ГАК) вчера починала 33-годишна пациентка, а на социјалните мрежи се појавија информации дека на пациентката и биле пресечени цревата наместо папочната врвка,
Во изјава за „Слободен печат“ директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена, тврди дека тоа не е вистина.
Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата. Пациентката дојде на операција поради огромен миом во мала карлица, со рапиден раст во последните месеци. Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирана од пленоктомија, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на клиниката, рече во изјава за „Слободен печат“ директорката на ГАК, Викторија Јовановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.