Во Велика Британија се регистрирани 30 случаи на ретки згрутчувања на крвта по аплицирање на вакцината „Астра Зенека“, објави синоќа здравственото регулаторно тело. Оваа вакцина ја примија 18 милиони Британци.

Како што пренесува новинската агенција ДПА, оваа бројка е за 25 случаи поголема од претходниот извештај.

Кога станува збор за вакви случаи за вакцината на „Фајзер“, според Агенцијата за регулирање лекови, досега нема пријавено случаи на згрутчување на крвта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.