Во вчерашниот извештај за заразени и починати од Ковид-19, беше регистрирана рекордна бројка на пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот, односно за 24 часа починале дури 46 пациенти, а меѓу нив и 28-годишен пациент од Скопје.

28 годишниот пациент бил хоспитализиран на КИБФС на 7 декември во многу тешка состојба, а починал на 8 декември. Пациентот имал хорнично заболување, велат од Министерството за здравство за „Фокус”, но не посочуваат за кое заболување станува збор.

Од почетокот на пандемијата па се досега битката со Ковид-19 ја изгубија 2.023 граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.