Во изминатото деноноќие починати се осум лица со ковид-19. Како што информираше Министерството за здравство еден од починатите пациенти е од Скопје, еден од Штип, четворица од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Најмладиот пациент меѓу починатите во изминатово деноноќие има 24 години и починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На истата клиника починале уште двајца пациенти на возраст од 63 и 64 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во болницата во Тетово починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, а во општата болница во Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.