Околу 200 првачиња не се запишани во училиште зошто не биле вакцинирани. Ова се првичните податоци кои досега ги обработиле просветните инспектори. Министерот Адеми изјави дека бројката на деца кои не следат настава зошто немале уреден вакцинален картон можеби е и поголема, а решение за незапишаните ќе бараат на Владина седница, објави „Сител“.
Можеби ќе биде и поголем бројот, но поентата не е тоа. И за едно дете да се работи, ние треба да делуваме како институции, но треба да го почитуваме Уставот, законите и решението на Уставниот суд, кој за ова прашање се огласил и го третирал со конкретни насоки. Се разгледуваат сите можни опции – и околу законскиот аспект, и околу бројот на незапишани на национално ниво. Податоците на кои се повикуваат родителите во врска со вакцинацијата, како и оние за досега незапишани првачиња ќе ги отворам на посебна седница на Владата, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Во петокот група родители кои се против вакцините протестираа од труд и социјала до образование со барање нивните деца да не бидат дискриминирани и да бидат примени во градинка и училиште. Рекоа дека законите се на нивна страна и поднеле кривични пријави против министрите Царовска и Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.