Вкупно 200 граѓани што треба да пристигнат денеска одат во групен карантин во касарната Пепелиште, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека денеска треба да пристигнат 200 граѓани кои организирано треба да бидат земени од граничниот премин меѓу Унгарија и Србија.

Филипче рече дека овие луѓе се враќаат од ризичните подрачја, Италија и Австрија и поради тоа касарната Пепелиште ќе биде претворена во групен карантин.

„Целиот објект ќе биде обезбедуван од полиција, од тимот епидемиозоли на сите ќе им бидат направени анкети, контролни тестови и ќе се следи состојбата“, рече министерот Филипче.

Тој кажа дека епидемијата е во силен ек и затоа апелира да граѓаните да седат дома.

Апелирам да останете дома, да не се групирате, излегувајте од дома само ако имате итност. Не контактирајте со многу луѓе, не се задржувајте во маркетите, држете растојание и секако одржувајте хигиена, мијте раце“, соопшти Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.