Вкупно 200 анестезиолози и 440 медицински сестри се на располагање, ако е потребно тие ќе помогнат во ситуацијата со коронавирусот во Македонија.
Веќе направен список со лекари, анестезиолози и медицински сестри кои по потреба ќе ротираат по здравствените институции. Да се надеваме дека нема да дојде до таква ситуација во која би имале многу случаи кои би биле приклучен на машини за дишење изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес -конференција за состојбата со коронавирусот.
Македонија располага со околу 200 респираторни машини. Тука се вклучени машините од приватното и јавното здравство.
Во текот на неделава ќе пристигнат уште стотина и плус Кина ќе донира 200.
Во тек е набавка на 50 респиратори, кои очекуваме да стигнат до крајот на оваа недела со можност да добиеме плус 50. Во моментов имаме 120 респираторни машини, од кои 90 се во Скопје, а останатите во другите градови, рече Филипче.
Денеска се тестираат седумина, а сосега нема нови случаи на заразени, соопшти Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.