Ученици од трето и четврто одделение од основното училиште „Милан Ракиќ“ во Нов Белград, излегле позитивни на коронавирусот откако се вратиле од рекреативната настава во Дивчибаре, која се оддржала непосредно пред почетокот на учебната година. Заразени се 18 ученици и две наставнички, пренесува Телеграф.рс.

Екскурзијата се оддржала од 22 до 29 август, а само еден ден по враќањето на учениците, вирусот кај нив беше потврден на Ковид клиниката.

Има многу заразени луѓе. Засега вкупно има 43 заразени вклучувајќи ги и родителите. Децата се вратија во неделата вечерта, а веќе во понеделникот настана хаос пред Ковид амбулантата. Тестирани се позитивни, а имаат само девет и 10 години, изјави еден од родителите за Телеграф.рс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.