12 полицајци кои беа дел од европскиот контингент за чување на македонско грчката граница од мигранти се позитивни на коронавирус.

Тие деновиве требало да ја напуштат Македонија и на нивни места да допатуваат други полицајци.

Но, на скринингот од Центарот за Јавно здравје од Гевгелија со кој бил опфатен контигнетот од 40 полицајци, 12 се со ковид 19, соопшти д-р Страшо Олумчев раководител на гевгелискиот центар. Сите полицајци се ставени во карантин, а во карантин одат и нивни колеги кои имале контакти кажа Олумчев.

Од стартот на пандемијата во Гевгелија се регистрирани 73 а во моментов со граничните полицајци има 46 активни случаи на ковид 19. Олумчев смета дека тоа е одраз пред се на недисициплината заради што очекува овид денови да има нови случаи

Ова не е прв случај да се појават позитивни на ковид 19 гранични полицајци од европски држави кои секојдневно патролираат долж македонско грчката граница за да ги спречат илегалните преминувања



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.