➡️ Причините зошто потрошувачката на петрол-кокс во 2019 во однос на 2018 е зголемена за фрапантни 58%, на мазут за 20%, за керозин зa 51%, ја наоѓаме во новиот Закон за акцизите од мај 2019 година. Со овој закон овие енергенти се ослободуваат од плаќање на акциза во редица случаи, со што како резултат ја имаме нивната зголемена, наместо намалена употреба.
⛔️ Петрол-кокосот, под никакви услови, не смее да биде изземен од акцизата, воведена во 2014 година со 84,6 ден/GJ (гигаџул).
Направивме мало истражување, колкави се акцизите на мазут, керозин, дизел, бензин, јаглен и кокс во одредени земји на ЕУ и кај нас. При тоа транспонираме одредени ЕУ регулативи, но делумно, без да го воведеме минималното оданочување на овие енергенти.
📈 Погледнете и сами за колкукратно овие акцизи се поголеми во другите земји во ЕУ, вклучително и тие од нашиот регион.
Ако ја земеме Словенија за компарација, акцизата на мазут е за 56 пати поголема од нашата, во Бугарија за 128 пати, во Данска за 240 пати. Акцизата на керозин за греење е за 8 пати поголема во Хрватска од нашата, во Бугарија за 11 пати, во Финска за 26 пати.
❌ Кај нас нема акцизи на јаглен и кокс. Како што нема еколошки такси за CO2, за NO2, такси за сулфур.
⛔️ Не смееме да имаме закони со кои ќе се стимулира потрошувачката на овие најзагадувачки енергенти, туку напротив, треба да се работи на нивна дестимулација.
✊ Нашата борба ќе биде и ПРОТИВ ослободувањето на петрол-коксот од акцизата, ЗА воведување на европски акцизни вредности на другите енергенти, како и на ЕКОЛОШКИ ТАКСИ за сулфур, за CO2 и NO2, со цел дестимулирање на овие горива, објави на својата страна, О2 Иницијатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.