Експертите за британското семејство за т.н. „Мегзит“ најмногу го обвинуваат принцот Хари. Велат, тој не ја подготвил како што треба Меган Маркл за живот во кралското семејство.
Тоа е комбинација на обвинувања на Хари и Меган, но поголемиот дел од тоа оди на сметка на Хари поради тоа што не ѝ појаснил сè како што треба на Меган. Тој можеби и не е најстрогото момче, но лесно можел да ѝ објасни тоа што треба, раскажал авторот на книгата „Prince Phillip’s Century“ – Роберт Џобсон за „Page Six“.
Напорна работа е да се биде член на кралското семејство, иако луѓето можеби мислат дека тоа и не е така тешко. Животот со нив не е гламур, а можеби ниту нејзе тоа не ѝ се допаднало, додал Џобсон.
Тврди дека Меган требала да го истражи кралското семејство пред да се венча со принцот.
На вас е да ја завршите домашната работа доколку сакате да се венчате со член од толку престижно семејство, смета Џобсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.