Денеска, на 12 декември ( среда ) , во 12:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи јавна трибина на тема: „Дијалогот како моќна алатка на родителите, децата и општеството во надминување на насилното однесување“. Овој настан е дел од финалниот дел на проектот на истата тема и е реализиран во вид на филмска работилница. Целиот проект е иницијатива на филмскиот фестивал Киненова Скопје, во склоп на кој се реализира истиот, а е поддржан од УНИЦЕФ и Европската Унија.
На трибината која е отворена за публика, стручни панел дискутанти ќе бидат: Марија Ралева, психолог, Радмила Живановиќ, психијатар. Јана Белчева-Андреевска, Преседавач на Советот на Општина Центар и Бенџамин Перкс, Претставник на УНИЦЕФ, а модератор ќе биде нашата истакната новинарка Ана Јовковска.
Во склоп на овој настан ќе се одржи и премиерното прикажување на филмот „Мојата порта„ кој го изработија деца кои беа учесници на оваа работилница, а кои се ученици во основните училишта во Општина Центар, работејќи на еден од аспектите на темата за насилство заедно со стручен ментор.
Партнери на проектот се Општина Центар и Кинотека на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.