Истрагата на остатоците на авионот на „Етоппијан ерлајнс“ боинг 737 МАКС во кој загинаа 157 лица, дошла до прелиминарен заклучок дека системот против губење на сила бил активиран пред авионот да ја допре земјата.

Истражителите на авионот боинг 737 МАКС кој малку претходно се урна во Индонезија исто така се фокусирале на новиот систем за сила МЦАС. Флотата на Боинг 737 МАКС беше приземјена во целиот свет по несреќата на 10 март, што ѝ збриша 28 милијарди долари од пазарната вредност на компанијатаа и ги доведе во прашање нарачките извршени однапред во вредност од повеќе од 500 милијарди долари.

Боинг соопшти дека планираната поправка на софтверот ќе ја спречи операцијата која се повтрува во системот и која е централен безбедносен проблем.

Првата тужба против комапнијата Боинг беше поднесена во четвртокот во американскиот федерален суд, поради падот на авионот на Етиопијан ерлајнс од семејството на Џексон Мусони, државјанин на Руанда. Како што е наведенов о тужбата, Боинг, кој ги прозиведува авионите 737 МАКС, имал неисправен дизајн на автоматизираниот систем за контрола на летот.

Истрагата ќе се осврне и на квалитетот на тренингот на пилотите на Боинговите авиони 737 МАК. Американските и европските регулатори најмалку две години пред падот на авионот во Индонезија се сомневале дека контролирањето на агол на носот на моделот 737 МАКС можеби нема да да биде доволно во ситуации слични на овие две несреќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.