Со финален натпревар во шест различни категории заврши десеттиот „Робомак 2019“, во рамки на Неделата на роботиката, што ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На натпреварот во Домот на АРМ биле квалификувани 22 од вкупно 29 екипи, соопштуваат од ФЕИТ.
Победници на Робомак 2019 во различни категории се: за „Robotic arm“ – Благој Христов и Владимир Илиќ од ФЕИТ, „Maze“- Растко Тодоровиќ и Никола Бранковиќ од ФТН, Нови Сад, „Line follower“- Лука Адамовиќ и Јелена Лалиќ од ЕТФ, Белград, „AI football“- Игор Наумовски, Симеон Трендов и Здравко Тодоров (ФЕИТ), „Sphero“- Михаило Ристиќ и Софија Петровиќ (ЕТФ, Белград), „Sumo“- Андреј Биковски и Борис Стевановски (ФЕИТ).
За студентот Сања Цветковиќ, дел од организацискиот тим на Робомак и член на Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ (Институт на инженери по електротехника и електроника), огромно е задоволството да се биде дел од ваков сериозен настан.
ФЕИТ организираше Недела на роботиката по повод 10 години организација на Робомак – меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција и 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.