Последните истражувања од автомобилската индустрија покажуваат дека за изминатите шест месеци вкупниот број на отпуштени работници во автомобилската индустрија изнесувал неверојатни 38.000.
Постојат повеќе причини за овој тренд на намлаување на бројот на вработени во оваа индустрија. WLTP процедурите со кои се заострија процедурите околу емисијата на гасови е една од причините. Процесите на производство на електрични автомобили се пократки во однос на оние традиционалните, а оттука самиот процес ангажира и помалку луѓе што веднаш придонесува да се појави и технолошки вишок.
Роботиката и автоматизацијатаа на бројни производствени процеси како и настојувањето да се намалат фиксните трошоци се исто така едни од причините за отпуштањето на волку многу работници.
Најголем дел од овие 38 илјади работници се отпуштени во Кина, Велика Британија, Германија, Канада и САД. Најмногу работници отпушти Ford и тоа 7.000 што претставува 10% од вкупниот број на вработени во производствените погони.
извор: 24ауто.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.