Вселенско летало на НАСА во вторникот ја допре површина на астероидот Бену, зграпчувајќи примерок од карпи кои датираат од раѓањето на нашиот Сончев систем за да ги донесе дома.

Вселенското летало ОСИРИС-РЕкс, со големина на комбе, конструирано од Локид Мартин, ја истегна својата роботска рака долга 3,35 метри кон рамно парче чакал близу северниот пол на Бену и извади примерок од карпи, првиот грст чист астероид на вселенската агенција.

Собирањето примероци е завршено и извршено е лансирањето назад, додаде секунди подоцна операторот на мисијата „Локхид“, Естел Черч, потврдувајќи дека леталото е далеку од вселенската карпа откако воспостави контакт, пренесува Ројтерс.

Сондата ќе испрати назад фотографии од собраниот примерок во среда за во текот на целата недела научниците да можат да испитаат колку материјал е изваден и да утврдат дали сондата ќе треба да направи друг обид за собирање.

Доколку биде потврдено успешно собирањето, леталото ќе се врати назад кон Земјата пристигнувајќи во 2023 година. Јапонија е единствената друга земја што веќе го постигнала тоа.

Астероидот Бену, кој се наоѓа на оддалеченост над 100 милиони милји од Земјата и чие тело во форма на желад се формирало во раните денови на нашиот Сончев систем, може да даде индиции за потеклото на животот на Земјата, велат научниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.