Метеоролозите најавуваат дека утре Земјата ќе биде погодена од густа и силна соларна бура.

Уредите на НАСА и Националната агенција за океански и атмосферски истражувања (НАОАИ) покажале дека треба да се очекуваат нарушувања на ГПС и тешкотии при користење на радиостаници на Земјата во оној дел каде што ќе биде ноќ.

Поради неочекуваното соларно коронално исфрлање на маса, се очекува умерена геомагнетна бура.

Последната голема соларна бура ја погоди Земјата во 2006 година, што доведе до губење на радиокомуникација за еден час на сончевата страна на Земјата и да ги наруши фреквенции што се користат за комуникација и навигација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.