Со денешното лансирање на роверот „Персеверенс“ (Истрајност), НАСА ја почна својата најнова мисија на Марс, која многумина ја сметаат за најамбициозен обид да се пронајдат докази дали некогаш имало живот на т.н. Црвена планета.
Роверот беше лансиран во вселената со ракетата „Атлас 5“, а лансирањето може да го погледнете во видеото подолу.
„Персеверенс“ ќе има задача да ја пребарува површината на планетата за остатоци од древни микроби кои можеби биле населени таму пред повеќе од три милијарди години.
Претходните американски мисии утврдија дека животот на Марс е можен, т.е. дека постојат поволни услови за живот. „Персеверенс“ е подобрената верзија на роботот „Кјуриозити“ што слета на Марс во 2012 година и ќе ги анализира карпите на Марс, а пред сè ќе земе примероци што следната мисија ќе ги донесе на Земјата во 2031 година, пишува АФП.
„Се уште не знаеме дали постоел живот на Марс, а оваа мисија, наречена Марс 2020, ќе се обиде да одговори на тоа прашање. За прв пат во историјата, НАСА посвети мисија на астробиологија, истражување за живот, сегашен или поранешен, на еден друг свет“, рече Џим Бриденстајн, шеф на НАСА.
Роботизираниот ровер предвидено е до Марс да патува седум месеци и да слета во кратерот Езеро 18 во февруари 2021 година.
Се работи за ровер со шест тркала, кој тежи 1.040 килограми. Тој носи и мал хеликоптер кој ќе се обиде летаќи да ја истражува Црвената планета. Роверот има и роботска рака, серија камери, пар микрофони и други додатоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.