Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ го прекина тестирањето на подобрената верзија на својот автопилот поради технички проблеми што се појавиле со системот.

Забележавме некои проблеми со верзијата 10.3, така што привремено се враќаме на верзијата 10.2 – напиша на Твитер, основачот на компанијата, Илон Маск.

Маск неодамна изјави дека службата за контрола на квалитетот открила проблеми со брзината на системот при вртење налево.

Првата верзија на „Advanced Driver Assistance System“ (АДАС) беше претставена од „Тесла“ во 2014 година, кога беа објавени плановите за највисокото, петто ниво на автоматизација и самоуправување, каде што автомобилот може да вози без возач во сите услови на патот.

Оваа технологија е инсталирана само на неколку илјади електрични возила, од кои повеќето се обезбедени за вработените во компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.